Над нови 500 починати од коронавирус во Британија, во Кина продолжува надолниот тренд

Во последните 24 часа во Велика Британија починаа 563 лица, со што вкупно до средата во 15 часот во земјата како последица од коронавирусот починале 2.352 лица, соопшти британската влада во средата, додека во Кина продолжува трендот на пад на бројката на новозаразените.

Според владините податоци во Велика Британија има вкупно потврдени 29.474 случаи на зарази со коронавирусот, што претставува значителен пораст во однос на 25.150 заразени претходниот ден.

Кина, којашто прва кон крајот на декември 2019 година го пријави првиот случај на зараза со новиот тип коронавирус, во средата обајви дека се намалува бројот на новозарените о првапт го објави бројот на асимптоматските сличаи, што може да фрли нова светлина на толкувањето на трендовите во ширењето на пандемијата.

Речиси сите новозаразени во вторникот во Кина, вкупно 36, што претставува намалување во однос на 46 новозаразени од претходниот ден, се вратиле во земјата од странство, објави министерството за здравство.

Според официјалните податоци, во Кина се потврдени вкупно 81.554 случаи на зараза со коронавирусот. Оваа бројка ги исклучува потврдените 130 асимптоматски лица со коронавирусот и властите објавија дека под медицински надзор има вкупно 154 такви лица.