Над педесет новозаразени и тројца починати од коронавирусот во Црна Гора

Три лица починаа во Црна Гора во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје.

Откриени се и 52 новозаразени лица, додека 37 пациенти се опоравиле од Ковид-19.

Повеќето новозаразени, односни 21 лице, се од Подгорица.

Вкупниот број на смртни случаи во Црна Гора поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни изнесува 62, а од почетокот на годината 71.

Во моментов, активни се 1.119 случаи, додека од почетокот на годинава се регистрирани 3.748 случаи на инфекција со коронавирус.