Над пет илјади Турчинки жртви на домашно насилство не можат да гласаат на изборите за претседател

Над пет илјади Тучинки, жртви на домашно насилство, денеска нема да може да гласаат на претседателските избори поради опасност за нивната безбедност, јавија турски медиуми.

Околу 2.500 жени се во специјални објекти за жртви на домашно насилство, и уште 2983 Турчинки се под полициска заштита поради директна опасност за нивниот живот.

Невладини организации се обратија до турските власти со барање тие жени да биде овозможено да гласаат без да биде откриен идентитетот. По консултации со полицијата, Министерството за семејство и социјална политика не дозволи гласање за нив.

Само во првите шест месеци од 2014 година во Турција биле убиени 129 жени.