Над половина милион демонстранти во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Во Барселона во петокот се собрале околу 525.000 поборници на независноста на Каталонија во протестот против пресудите на нивните политичари и барајќи отцепување на богатата покраина од Шпанија, објави градската полиција на каталонската престолнина.

Главниот собир, каде што се наоѓаат најголем број демонстранти минува во петокот вечерта мирно со многубројни истакната каталонски знамиња кои ја симболизираат независноста и со транспаренти „Слобода за политичките затвореници“. Во другите делови од Барселона илјадници студенти и средношколци, кои од средата стапија во тридневен штрајк, се обидуват да дојдат до зградата на Шпанската национална полиција, која ја чуваат припадници на интервентната полиција. Таму дошло и до судир во кој се повредени три лица, од кои двајца се малолентици, а еден полиецаец, исто така, е повреден.

Студентите со маскирани лица се приближуваат до зградата фрлајќи камења и шишиња, па потоа во бранови се повлекуваат по интервенцијата на полицијата. Тие извикуваат „Антифашистичка Барселона“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“. Фрлени се и чадни кутии и петарди, а запалени се и контејнери за отпад кои се поставуваат како барикади.

Во петокот во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители, започна генералниот штрајк на повик на синдикатите кои ја поддржуваат независноста. Илјадници демонстранти пристигнаа во Барселона од другите градови на покраината пешки, а каталонската влада и партиите кои се залагаат за независност ги повикаа на мирни протести.

„Нема да застанеме додека не дојдеме до слободата. Обединетиот народ никогаш нема да биде под репресија“, истакна Марсел Маури, портапрол на граѓанската организација Omnium Cultural циритајќи го писмото на челникот на здружението, Жорди Квиксарт, осуден на 9 години затвор поради поттикнува на населението на бунт, поради подготовка и организирање на референдумот за независност од октомври 2017 година, кој го забрани Уставниот суд во Мадрид.

Ова е петти ден од масовните протести откако во понеделникот Врховен суд во Мадрид осуди девет каталонски функционери на затворски казни од 9 до 13 години поради организирањето на референдумот за независност. Осудени се за поттикнвуањ на бунт и трошење на јавни пари за организирање на забранетиот плебисцит.

Шпанскиот премиер на заминување Педро Санчез претходно во петокот изјави дека никому не му се суди поради идеите, туку поради кршењето на законите и порача дека оние кои предизвикуваат инциденти ќе бидат казнети.