Над половината Германци незадоволни од владиниот одговор на пандемијата

Повеќе од половината Германци и натаму се незадоволни од владиното управување во текот на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, и покрај напредокот во програмата за вакцинирање, попуштањето на ограничувањата и падот на бројот на заразените.

Во истражувањето коешто за службената новинска агенција DPA го спровело интистутот за истражуваа на јавното мнение YouGov, 24 отсто „многу се незадоволни“, а дополнителни 30 отсто се „доста незадоволни“ од владините постапки.

Наспроти тоа, само 6 отсто се „многу задоволни“, а 35 проценти се „прилично задоволни“. Пет проценти од испитаниците не се изјасниле.

Меѓутоа, истражувањето со кое биле опфатени 2.085 лица во периодот од 21-ви до 24-ти мај дало малку добри вести за владата на канцеларката Ангела Меркел додека Германија се подготвува за националните избоди во септември . Имено, во март 65 отсто од Германците беа незадоволни од одговорот на коронакризата, а само 30 отсто беа задоволни.

Во најновите истражувањата само меѓу приврзаниците на владејачкиот конзервативен блок CDU/CSU на канцеларката Меркел има повеќе задоволни отколку незадоволни, 62 наспроти 36 отсто. Наспроти тоа, меѓу приврзаниците на десната Алтернатива за Германија (AfD) незадолволни се дури 84 отсто.

По 16 години на власт, Ангела Меркел нема да се кандидира за реизбор на канцеларската должност. Со продолжувањето на пандемијата, подршката за нејзиното лидерство опаѓа, а Унијата CDU/CSU сега се соочува со сѐ посилната Зелена партија.