Над половината Руси не знаат дека нивната земја е во унија со Белорусија

Повеќе од половината Руси не знаат воопшто дека постои Сојузната држава на Русија и Белорусија, покажува анкетата на фонданцијата Јавно мнение.

Одговарајќи на прашањето „Дали знаете, дали сте слушнале или сега првпат слишате за Унијата на Русија и Белорусија?“, 59 отсто од испитаниците рекле дека првпат слушнале за тоа, 26 проценти дека слушнале претходно „нешто“, 12 отсто одговориле дека знаат за Унијата, а на 4 отсто им било тешко да дадат каков и да е одговор.

Меѓу размислувањата и асоцијациите за Унијата, оние кои знаеле или слушнале нешто во врска со тоа, 8 отсто сметале дека тоа се позитивни односи, а 5 проценти дека е „една држава, сојуз“.

Анкетата на „ФОМнибус“ била спроведена на 13-ти и 14-ти јули во 104 населени места, 53 субјекти во Руската Федерација, меѓу 1.500 испитаници. Статистичката грешка се движи во маргината од 3,6 отсто.

Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањеро на аедницата на Русија и Белорусија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојуот Белорисија и Русија.