Над половината сообраќајци уапсени на Малта

Повеќе од половината од сообраќајните полицајци на Малта, вклучително и нивниот началник, се уапсени поради сомневање за лажирање на стотици прекувремени работни часови, по анонимна дојава на „свиркач“.

Островската медитеранска земја со години има нарушен имиџ поради обвинувања за раширена корупција, непотизам и финансиски малверзации меѓу политичката и деловната елита.

Притворени се 37 од вкупно 50 сообраќајни полицајци на Малта, земја членка на ЕУ, поради сомнежите дека пријавиле стотици неодработени прекувремени часови во период од најмалку три години.

Началникот на сообраќајната полиција, Валтер Спитери, е осомничен дека барал на користење мотоцикл, иако на располагање имал возач и службена лимузина. Некои од полицајците, пак, се сомничат дека купувале гориво за своите приватни возила.

„Началникот на сообраќајната полиција вчера поднесе оставка којашто е прифатена“, соопшти во средата малтешката полиција.

Премиерот Роберт Абела изјави дека е добро тоа што полицијата спроведува истраги во сопствените редови.

„Тоа ја потврдува функционалноста на полиција. Доколку истрагите покажат дека тие луѓе треба да бидат изведен пред суд или да се преземат дисциплински мерки против нив, тогаш тоа и ќе се случи“, реле Абела.

Опозициската Националистичка партија порача дека полицијата не е изземена од „културата на корупција и неказнивост“, кои се очигледни во бројни сфери од животот.

Абела минатиот месец беше именуван за премиер, откако неговиот претходник Џозеф Мускат, под притисок на јавноста и ЕУ поднесе оставка поради вмешансота во истрагата за убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција.

Истрата во редовите на сообраќајната полиција е отворена по писмата на „свиркач“ до полицискиот комесар во коешто детално е наведени како полициските службеници заработуваат од должностите кои никогаш не ги извршувале.