Над САД соборен трет неидентификуван објект во три дена, овој со осмоаголна форма

Американските воздушни сили собориле летечки објект над езерото Хјурон покрај границата со Канада, соопштија во неделата американски функционери, што е третиот таков случај во последните три дена или четврти во изминатите осум дена, откако минатата седмица САД објавија дека собориле балон за кој тврдат дека е шпионски, а Пекинг дека станува збор за научен метеоролошки аеростат.

Неименувани функционери за агенцијата Reuters потврдиле дека војската соборила објект, но не сакале да кажат дали бил сличен на големиот кинески балон соборен претходно над Атлантикот.

Еден од соговорниците на агенцијата, кој зборувале под услов да останат анонимни, додал претседателот Џо Бајден го „наредил соборувањето на неидентификуваниот објект“.

Во извештајот се додава дека летачкиот објект првпат бил забележан над сојузната држава Монтана во саботата. Американските власти оцениле дека не претставува воена закана за ниту една цел на копното. Се наведува и дека САД немаат индиции дека објектот би можел да се користи за надзор, но според функционерот тоа, исто така, не може ниту да се исклучи.

Објектот соборен во неделата над езерото на американско-канадската граница имал осмоаголна форма, рекол конгресменот Џек Бергман, кого го цитира телевизиската мрежа Fox News.

„Ловец ‘F-16’ на американското воено воздухопловство со проектил ‘Sidewinder’ собори мистериозен осмоаголен објект на езерото Хјурон“, рекол Бергман.

Северна Америка е во висок степен на приправност во поглед на нарушувањето на воздушниот простор чиешто контролирање и одбрана е под заедничка американско-канадска команда, откако беше соборен кинескиот балон за кој Пекинг негира дека бил шпионски и оти имал метеоролошки и научни цели, како и дека над американската територија заталкал поради воздушните прилики.

Најмалку два други два летечки објекти беа урнати над Северна Америка во текот на викендот, додека воените и разузнавачките функционери се фокусирани на можните воздушни закани.

Челникот на тесното демократско мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, за телевизијата ABC News изјави дека американските функционери мислат дека двата летечки објекти, од кои првиот е соборен над замрзнатото море над северот на Алјаска во петокот, а вториот над Јукон во саботата, се всушност балони.

„Веруваат дека биле (балони) да,… но значително помал од првиот“, изјави Шумер а Балата куќа сако кусо објави дека неодамна соборените предмети „не наликуваат многу“ на кинескиот балон.

Американските функционери двапати во 24 часа го затвориле воздушниот простор, а набрзо потоа повторно го отвориле. Сојузната управа за цивилно воздухопловство во неделата накусо го затвори воздушниот просто над езерото Мичиген, извести Rueters.

Американското воено воздухопловство во саботата крена борбени авиони над сојузната држава Монтана за да истражат аномалија којашто се појавила на радарот. Заедничката американско-канадска северноамериканска одбранбена команда NORAD подоцна објави дека пилотите не пронашле ништо сомнително.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.