Над шест милиони пациенти и речиси 170.000 смртни случаи во Бразил од Ковид-19

Во Бразил се регистрирани нови 16.207 случаи на коронавирус и 302 починати лица во последните 24 часа, соопштија тамошните власти.

Бразил досега има регистрирано 6.087.608 милиони лица заразени со ковид-19 и 169.485 смртни случаи.

По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот која е најтешко погодена од пандемијата.