Над стотина училишта во Малезија затворени поради отровни испарувања

Малезиските власти наредија 111 училишта да бидат затворени, бидејќи стотина луѓе се разболеле од труење со метан откако наводно хемикали илегално се фрлени во река пред една седмица.

Малезискиот министер за образование Масзли Малик наредил во средата вечерта веднаш да бидат затворени училиштата во радиус од три километри околу реката Ким Ким во градо Џохор Бахру на јужниот врв од малајскиот полуостров. Во пораката објавена на Facebook рече дека ситуацијата станува „сѐ повеќе критична“ и нареди учениците и персоналот да не доаѓаат во училиштата „додека ситуација не се поправи“.

Причината за труењата, како што се претпоставува, се отровните испарувања од хемикалии илегално фрлени во реката, пишува Straits Times. Вкупно 506 лица се погодени од отровните пареи, а деветмина се згрижени на интензивната нега во болница.

Вториот бран труење со метан се случи неколку часа откако училиштата беа отворени во понеделникот. Последниот инцидент се случил во вторникот, кгоа 260 лица се јавиле во болница поради тешкотии со дишењето. Министерот за енергетика, науки, технологии, екологија и климатски промени Јо Би Јин изјави дека во четврток ќе биде подигнато обвинение против еден од осомничените за фрлање на хемикалиите, сопственик на фабрика за рециклирање гуми.