Надал го надмина Федерер

Шпанскиот тенисер Надал ја запиша 379 мастерс победа во својата кариера и така го надмина рекордот на Роџер Федерер. Швајцарецот застана на 378 триумфи на турнирите од серија 1000.

Тој е и човекот со најмногу Мастерс титули (34), а доколку стигне до финалето, ќе го надмине Федерер како број 2 на светската ранг-листа.

Надал забележа седум асови и три брејка за да постигне победа што не дојде лесно и покрај резултатот. Тешките услови на теренот поради силниот ветер го направија натпреварот непредвидлив, но Шпанецот на крајот ја задржа ладнокрвноста во важните моменти и се избори за победа.

Во битката за полуфиналето, Рафа ќе игра со седмотопласираниот Фабио Фоњини. Италијанецот го елиминираше Адријан Манарино со 6:2 и 7:5.

Во останатите четвртфинални средби ќе се сретнат: Монфис-Баутиста Агут, Хачанов-Зверев и Медведев-Тим