Надал лесно до победата над Рублев

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со победа го започна завршниот АТП турнир на сезоната во Лондон, победувајќи го дебитантот Русинот Андреј Рублев со 6:3 и 6:4

За Надал оба беше втората победа во второто меѓусебно соочување со Рублев, кој во мечот на сервисот на Шпанецот немаше ниедна шанса да возврати.

Претходно во оваа група Австриецот Доминик Тим беше подобар со 7:6 (5), 4:6, 6:3 беше подобар од бранителот на титулата, Гркот Стефанос Циципас.

Во понеделник во групата Токио 1970 во 15 часот по македонско време се игра дуелот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ, водечки во АТП пласманот и осмопласираниот Аргентинец Диего Шварцман.

Од 21 часот е мечот меѓу моментално четвртиот рекет Русинот Данил Медведев и едно место зад него пласираниот сонародник Александер Зверев роден во Германија.