Надал освои 34 сета во низа на Ролан Гарос

Првиот светски тенисер, Рафаел Надал ја продолжи својата импресивна серија на Ролан Гарос со нова максимална победа од 3:0, овојпат над Ришар Гаске со убедливи 6:3, 6:2, 6:2. Надал на овој меч си го урна сопствениот рекорд за најмногу освоени сетови во низа на Ролан Гарос. Со трите сета против Гаске, Шпанецот стигна до 34 сета во серија на овој гранслем турнир, уривајќи го својот претходен рекорд од 32 сета, остварен во периодот од 2007 до 2009 година. Апсолутниот рекорд во оваа категорија е сопственост на Швеѓанецот Бјорн Борг, кој освои 41 сет во низа во периодот од 1979 до 1981 година.

Надал одигра извонреден меч против домашниот миленик, не оставајќи му на Гаске ниту за миг надеж дека ќе може да ја прекине серијата од 15 порази на дуелите со Надал. Шпанецот во осмина-финалето ќе игра против себе ќе го има аутсајдерот Максимилијан Мартерер од Германија, моментно на 70. место на АТП-листата.

На останатите мечеви на денешната програма, Италијанецот Фабио Фоњини по голема битка го совлада Британецот Кајл Едмунд со 3:2 во сетови, Кевин Андерсон од Јужна Африка беше подобар од Германецот Миша Зверев со 3:1, додека Аргентинецот Диего Шварцман неочекувано лесно славеше со 3:0 над Хрватот Борна Чориќ.