Надал пак без загубен сет, Чилиќ ќе изгубеше добиен меч

Рафаел Надал, Хуан Дел Потро, Диего Шварцман и Марин Чилиќ се последните  четвртфиналисти на Ролан Гарос.
Шпанецот продолжи со одличната серија на теренот во Париз и победата над Макс Мартерер од Германија беше негова 900-та во кериерата. Вакво достигнување имаат само Гиљермо Вилас (948), Иван Лендл (1.068), Роџер Федерер (1.149) и Џими Конорс (1.256).
Надал славеше со 3:0 во сетови (6:3,6:2,7:6) со што ја продолжи рекордната низа од 37 добиени сета во серија на овој гранслем турнир, приближувајќи се на апсолутниот рекордер,Швеѓанецот Бјорн Борг, кој освои 41 сет во низа во периодот од 1979 до 1981 година.

Во останатите натпревари Аргентинецот Диего Шварцман во интересен меч славеше против Кевин Андерсон од Јужна Африка со 3:2, иако губеше со 2:0 во сетови. Шварцман убедливо ги загуби првиот и вториот сет со по 1:6 и 2:6, за да во наредниот слави со 7:5. Најинтересен беше четвртиот сет во кој се играше тајбрек, а Аргентинецот беше повешт. Петиот сет Шварцман го доби со 6:2.
Неговиот сонародник, Дел Потро славеше над Американецот Џон Иснер со 3:0 (6:4,6.4,6:4).
Интересен меч одиграа и Италијанецот Фабио Фоњини, кој успеа да се врати од 2:0 за Хрватот Марин Чилиќ, кој по освоениот брејк на почетокот на сетот успеа да слави со 3:2(6:4, 6:1, 3:6, 6:7, 6:3).

Во четвртфиналето Надал ќе игра против Шварцман, а Дел Потро против Чилиќ.
Од вчера е познато дека во останатите два меча ќе играат Новак Ѓоковиќ против Италијанецот Марко Чекинато, како и Германецот Александар Зверев и Доминик Тим од Австрија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.