Надал по 13-ти пат влезе во финалето на Ролан Гарос

Roland Garros in Paris, France, 09 October 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги победи со 3:0 во сетови Аргентинецот Диего Шварцман во полуфиналниот натпревар на Отвореното првенство на Франција, во меч кој траеше три часа и осум минути.

Дуелот заврши со резултат 6: 3, 6: 3, 7: 6 (7: 0) во полза на 34-годишниот Рафаел кој е вториот носител. Шпанецот досега не загуби ниеден сет на турнирот. Вториот финалист ќе биде познат подоцна во поетокот по дуелот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ, како прв носите, и Гркот Стафонс Циципас, како петти носител.

За Надал ова е 13-то влегување во финалето на Ролан Гарос, во сите 12 претходни наврати ја освојуваше титулата. Ова му беше 101-от меч кој го одигра на париската црвеница и 99-та победа.

Иако Надал до победата стаса без загубен сет, Шварцман во своето прво „гран слем“ полуфинале во кариерата му пружи одличен отпор на големиот фаворит.

Првиот сет заврши со 6:3 во полза на Надал, но се играше повеќе од еден час. Шпанецот, сепак, подобро ги одигра сите важни поени за што сведочи и неговата стопроцентна реализација на „брејк топките“ (2-2) за разлика од сами 25 отто колку што имаше Шварцман (1-4).

Надал доминираше во вториот сет од самиот почеток, кога му го одзема сервисот на ривалот, а покрај тоа не му дозволи на Шварцман ниту една можност за враќање на загубениот почетен удар.

Откако му го одзема сервисот на Шварцман за 3:1 во третиот сет, се чинеше дека само прашање на рутина е како ќе заврши дуелот. Но нискиот Аргентинец не се согласи со тоа, па го врати „брејк“ заостанувањето, па откако уште еден го загуби сервисот повторно успеа да се врати во резултетска рамнотежа и при резултат 5:5 да има три „брејк топки“ за водство 6:5 и сервис за сетот. Сепак, не успеа да искористи ниту една од тие можности што на крајот сепак придонесе за неговито пораз. На почетокот од „тај брекот“ Шварцман направи три неизнудени грешки и наместо водство од 3:1 падна во заостанувањео од 0:4 од кое не можеше да се врати.

Ова беше 11-ти меѓусебен меч меѓу Надал и Шварцман и десетта победа на Шпанецот. Аргентинецот единствената победа ја оствари само пред 20-ина дена во четвртфиналето на Рим.