Надал по елиминацијата на УС Опен: Мораш да бидеш брз и многу млад, а јас не можам да го задржам тоа темпо

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде свое видување за поразот во четвртото коло на УС Опен од Френсис Тиафо (4:6, 6:4, 4:6, 3:6).

– Одиграв лош натпревар, а но тој одигра многу добро. Мора да си брз и многу млад, но не можам повеќе да го задржам тоа темпо. Нема да барам изговори. Отидов во четвртото коло и се соочив со играч кој беше подобар од мене. Важно е да се препознаат сите добри работи што ги прави и направи противникот. Дали повредите ми пречеа? Сега можеме да жалиме и да се жалиме за нешто, но тоа нема да ја промени ситуацијата. Ова е дел од мојата кариера, изјави надал.

Мечот се одигра ноќеска и траеше 3 часа и 32 минути.

Триесет и шестгодишниот Шпанец имаше девет аса, исто толку двојни сервис грешки, и две брејк топки од шест можности.

Дваесет и четиригодишниот Американец сервираше 18 асови и четири двојни грешки, а искористи пет од осум брејк топки.

Тиафо во четвртфиналето ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.