Надал победи на Ролан Гарос, но Ѓоковиќ сѐ уште е на врвот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе 255-та седмица се наоѓа на првото место на АТП рејтинг листата.

Србинот дури и ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и покрај тоа што Шпанецот вчера триумфира на Грен слемот „Ролан Гарос“. Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во полуфиналето освои нови.

Пласман на првите 10 тенисер на најновата АТП листа објавена денеска:
1. Новак Ѓоковиќ 12.715 поени
2. Рафаел Надал 7.945
3. Роџер Федерер 6.670
4. Доминик Тим 4.685
5. Александер Зверев 4.360
6. Стефанос Циципас 4.215
7. Кеи Нишикори 4.040
8. Кевин Андерсон 3.565
9. Карен Качанов 2.980
10. Фабио Фоњини 2.785.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.