Надал против Дел Потро во полуфиналето на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 11 пат ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос откако го победи Аргентинецот Диего Шварцман со 3:1, во дуелот што беше прекинат вчера поради дожд.
Младиот Аргентинец, кој е 12 на АТП листата го доби вчера првиот сет со 6:4, но немаше среќа со времето. Денеска светскиот рекет број 1 убедливо ги доби трите сета 6:3, 6:2 и 6:2.

Шпанецот во финалето ќе игра против повозрасниот Аргентинец, Хуан Дел Потро, кој го победи Марин Чилиќ со 3:1, во натпревар кој исто така вчера беше прекинат.

Првиот сет по неизвесна борба до самиот крај го доби Дел Потро, 7:6, и 7:5 во тај брекот. Хрватот изедначи во следниот сет по тешка борба со 7:5, а Дел Потро лесно го доби третиот сет со 6:3. И за последниот сет се водеше тешка борба, но Аргентинецот пак беше поуспешен со 7:5
Од претходно е познат вториот полуфинален двоец. Го сочинуваат големото изненадување на турнирот, Марко Чекинато од Италија и Австриецот Доминик Тим.