Надал прв финалист на Мастерсот во Рим

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Рајли Опелка и го елиминираше во два сета со 6-4 и 6-4.

Американскиот тенисер одлично тргна во првиот сет, но не искористи четири брејк топки на сервисот на Надал, кој казни во следниот гем и поведе со 3-2, по што го доби првиот сет со 6-4.

Надал во вго пториот сет го притисна својот ривал уште на самиот старт, а брејк направи во третиот гем, откако ја искористи третата брејк топка (2-1), па без проблеми сервираше до крајот на мечот и славеше со 6-4 и 6-4. Во второто полувреме во Рим играат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Сонего.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.