Надал се повлече од Вимблдон, Кирјос автоматски се пласира во финалето

© TENNIS PHOTO NETWORK

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од Вимблдон поради повреда.

Во текот на денешниот ден Шпанецот имаше лесен тренинг од 45 минути, по што одлучи дека нема да може да учествува во полуфиналето на турнирот.

Претходно беше објавено дека 36-годишниот Шпанец го одиграл четвртфиналниот натпревар против Американецот Тејлор Фриц со повреда на стомачниот мускул.

Така, Австралиецот Ник Кирјос, кој требаше да игра со Надал во полуфиналето, автоматски се пласира во финалето, во кое ќе се сретне со победникот од мечот Новак Ѓоковиќ – Камерон Нори.