Надежите тргнаа со победа на ЕП во Унгарија

Квалитетно одиграното прво полувреме, но и одличниот шут во пресудните моменти во четвртиот период од играта, по една исклучително лоша трета четвртина, им ја донесе победата на младинските репрезентативци на Македонија во вчерашниот дуел против Белорусија (77:72), прв на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Унгарија.

Жолто-црвените реализираа пет тројки во низа во клучните моменти, со што негативата 54-57 ја претворија во позитива од осум поени (69-61) на три минути до крајот, која се покажа како доволна за успешен старт на шампионатот. Ова е голем триумф на избраниците на селекторот Љупчо Малинков, остварен против најголемиот ривал за првото место во групата Ц.

Денес е ден за одмор за македонските кошаркари на ЕП во Унгарија, додека утре противник ќе ни биде Ерменија во меч од 13.30 часот. Прелиминарната фаза, од која најдобрите два тима одат понатаму, ја завршуваме в недела против Швајцарија (20.15 часот).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.