Надежите во трговскиот договор ги подигнаа цените на нафтата кон 66 долари

© AP Photo / Gregory Bull

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари во понеделникот кон 66 долари за барел под влијание на извештаите дека САД и Кина се приближуваат до договор за решавање на трговскиот судир кој ја закочува светската економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 63 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 65,79 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 55 центи повисока цена, од 56,35 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска извести дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во петокот изнесувала 65,32 долари, и останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Според процените на медиумите, се чини дека САД и Кина се близу постигнување договор за укинување на американските царини на најмалку 200 милијарди долари вредни кинески производи. Пекинг, пак, ветил структурни економски промени и укинување на реципрочните царини на американските производи, известија во неделата за медиуми добро упатени извори.

Завршувањето на треговскиот судир меѓу двете водечки светски економии дополнително го поткрепи растот на цените на нафтата, поттикна изминатите два месеца од намаленото снабдување од водечките производители.

Според истражувањето на Reuters снабдувањето од OPEC во февруари паднало на најниските нивоа во последните четири години, благодарејќи на најголемата извозничка Саудиска Арабија и нејзините сојузнички кои го намалија производството повеќе отколку што беше договорено. Кон крајот на минатата година OPEC и групата независни произведувачи предводени од Русија, одлучија да ги намалат производството за вкупно 1,2 милиони барели дневно, за да ги поткрепат цените.

Нафтениот пазар го поддржуваат и сигналите за забавувањето на производството во САД, која на почетокот од 2018 година порасна за повеќе од два милиона барели дневно, надминувајќи го нивото од 12 милиони барели дневно. Американските нафтени компании минатата седмица го намалија бројот на активните дупчења на најниското ниво во последните девет месеци, имајќи предвид дека некои од произведувачи ја намалуваат потрошувачката и покрај скокот на цените на нафтата во оваа година за повеќе од 20 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.