Надмината кризата во германската владејачка коалиција

ангела меркел, хорс зехофер и андреа нехлес

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој е челник на баварската Христијанско-социјална унија (CSU), изјави во неделата дека владејачката коалиција во којашто неговата партија учествува со сестринската Христинско-деморкатска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, постигнала договор околу иднината на челникот на внатрешното разузнавање, Ханс-Георг Маасен.

Партиите во владата на германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја пред една семица да се договорат за судбината на челникот на Федералната служба за заштита на уставот (Bundesamt für Verfassungsschutz – BfV), Ханс-Георг Маасен, кој претходно изнесе големо сомневање дека во Кемниц по убиството на Германцот од страна на двајца млади имигранти од Блискиот исток биле прогонувани барателите на азил, со што ја поткопа канцеларката Ангела Меркел којашто изјави дека снимките од овој источногермански град „многу јасно“ покажуваат омраза, како и во веродостојноста на медиумските извештаи за тоа. Спорот околу Маасен за закани по стабилноста на коалициската влада.

Челниците од партиите на власта, Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, на нејзината сестринска баварска партија Христијанско-социјалната унија (CSU), министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и на Социјалдемократката партија на Германија (SPD), Андреа Нахлес, по кризната седница на владата која траеше околу два часа на 14-ти септември не донесоа одлука, па расправата продолжи и минатата седмица.

Коалициските партии објавја во вторникот дела ќе го сменат и ќе го преместат Маасен на подобро платено место во министерството за внатрешни работи, што предизвика остри критики во германската јавност. Челничката на SPD, Нахлес, во петокот изјави дека тоае е грешка, предизвикувајчи загриженст во поглед на судбината на владејачката коалиција којашто беше постигната по тешки шестмесечни преговори откако двете најстари германски партии на ланската есен ги постигнаа историски најслабите изборни резултати.

По новата средба во неделата, министерот за внатрешни работи Зехофер кој со своите изјави се стави во заштита на Маасен кој беше поткрепен и од изјавите на покраинскиот минситер за внатрешн работи на Саксонија и тамошниот премиер, изјави дека Маасен ќе работи како специјален советник во министерството за внатрешни работи, но дека нема да добива поголема плата. Истакна дека немало опасност од распаѓање на владејачката коалиција поради овој скандал.