Надзорник во поправен дом уапсен за мито

Надзорник во Казнено поправниот дом во Штип зел 150 евра мито од осуденик за да му внесе мобилен телефон во Домот, информираше МВР.

Полицијата до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против штипјанецот Б.Б.(30) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп.

Имено, пријавениот вработен како службено лице надзорник во КПД „Штип“ во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице, иако од страна на директорот на затворот имало наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица. Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. На 05.10.2018 година пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода, велат од МВР.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.