Наесен први резултати од вакцината против Ковид-19

Првите резултати од испитувањето на вакцините против коронавирус, спроведени од компанијата „Кјурвац“, се очекуваат за два месеци. Биофармацевтската компанија објави дека првите значајни резултати може да бидат достапни во септември или октомври, а доколку условите се поволни, вакцината би можела да биде одобрена до средината на следната година.

Претходно беше објавено дека CureVas доби согласност за клиничко испитување на вакцината против коронавирусот. Биофармацевтската компанија исто така работи и на друга вакцина која ги стимулира човечките клетки, по вакцинацијата да произведуваат протеини што би го исклучиле коронавирусот.