Нагетс сѐ поблиску до врвот на Западот, Нетси го чуваат врвот на Истокот

29

Во дербито на ноќта кон петокот во американската професионала кошарската НБА лига, Денвер Нагетс како гости ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 101:94.

Нагатес домнинираа во првото полувреме и на почетокот од продолжението, а на средината од третата четвртина имаа 16 поени предност (71:55), но тогаш се ризигра Каваи Леонард и најмногу благодарејќи нему Лејкерс на малку помалку од седум минути пред истекот на регуларното време се доближија на само поерн заостанување (83:84). Но не се случи целосен пресврт, Никола Јокиќ и Џамал Мареј погодија „тројки“ во вистински момент за ново одлепување на госттие кои играат во одлична форма и ова им е 13-та победа во последните 16 натпревари. Од друга страна, Клиперс го загубија и вториот меч по ред.

Кај Нагетс најефикасен беше Мареј со 23 коша, додека Леонард покрај 24 поени впиша и 12 скокови за Клиперс.

Со оваа победа Денвер Нагетс се израмнија со Лос Анџелес Лејкерс на четвртото место во Западната конференција со сооднесот победи и порази 30-18, додека Лос Анџелес Клиперс се трети со 32:18.

 

Многу интересно беше во Сан Антонио, каде Спарс ги совладаа госите Атланта Хоукс со 134:129, дури по две продолженија. Атланта беше во предност речиси цел меч, но во последната половина минута од последната четвртина ја испушти предноста од четири поени откако Треј Јанг го промаши полужувањето за победа. И во првото продолжување Хоукс го имаа последниот напад, но Богдан Богдановиќ предоцна го упати шутот па се отиде во второто продолжување. Тогаш решавачката топка ја одзема Данило Галинари и погоди „тројка“ за 133:129 на 12 секунди до крајот, а Спарс повеќе немаа одговор.

Тројца играчи на Хоукс, Јанг, Богдановиќ и Клинт Капела постигнаа по 28 коша, Јанг додаде и 12 асистанцииа Капела и 17 скокови, додека на Спарс не им беа доволни ни 36-те поени на Демар Дерозен и 29 на Дерик Вајт.

Со оваа победа Хоукс стаса до 50-процентен ефект со соодносот 24-23, на делбата на шестото место на Истокот со Њујорк Никс, додека Спарси со соодноста од 24-22 се осми на Западот.

 

Минатогодишните финалисти Мајами Хитс ја прекинаа низата од четири домашни порази 116:109 со победата против Голден Стејт Вориорс. Во вооедначената екипа на Хитс тројца кошаркари постигнаа 20 или повеќе поени: Џими Батлер 22, Данкан Робинсон 21 а Тајлер Хиро 20, додека кај Вориорс одличен беше повратникот на терените Стефен Кари со 36 коша и 11 скокови, а Ендрју Вигинс додае 23 поени.

Мајами Хитс со оваа победа скокна на петтото место на Истокот со 25-24, додека Голден Стејт Вориорс се деветти на Западот со 23-25.

 

Водечкиот систем на Истокот, Бруклин Нетс се поиграа на својот паркет со моментално четвртиот тим во својата конференција Шарлот Хорнетс совладувајќи ги со 111:89. Иако играа Кевин Дурент и Џејмс Харден, Нетс направија предност и поголема од 30 поени, и лесно го приведоа мечот до крајот. Џеф Грин даде 21 поен за победниците, Кајри Ирвинг додаде 15 коша и 11 скокови и 8 асистенции, додека Ламарку Олдриџ во дебито за својо тнов тим постигна 11 коша со 9 скокови и 6 асистенции. Кај Хорнетс Гордон Хејвард и Девонте Греам постигнаа по 13 коша.

Нетси сега се на соодносот 34-15, а Хорнетс 24-23.

 

Филаделфија 76ерс и натаму се веднаш за Нетс во борбата за врвот на Истокот, откако како гости ги совладаа Кливленд Кавалирс со 114:94. Ова беше првата победа на Сиксерс против Кавалирс оваа сезона, и тоа во третиот нивен меѓусебен дуел, а до неа стасаа со одличното второ полувреме. Шејк Милтон со 27 коша и Двајт Хоуард со 18 коша и 15 скокови беа најдобри кај победниците, додека Колин Секстон постигна 24 коша за поразените.

Сиксерс со соодност 33-15 се втори на Истокот, додека Кавалирс со 17-31 на 13-то место во истата конференција.

 

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Денвер 94:101
Сан Антонио – Атланта 129:134
Детроит – Вашингтон 120:91
Кливленд – Филаделфија 94:114
Бруклин – Шарлот 111:89
Мајами – Голден Стејт 116:109
Њу Орлеанс – Орландо 110:115

 

ТАБЕЛИ

Источна конференција

Бруклин 49 34 15 69.4
Филаделфија 48 33 15 68.8
Милвоки 47 30 17 63,8
Шарлот 47 24 23 51.1
Мајами 49 25 24 51.0
Њујорк 48 24 24 50.0
Атланта 48 24 24 50.0
Бостон 48 23 25 47,9
Индијана 46 21 25 45,7
Чикаго 46 19 27 41,3
Торонто 48 18 30 37,5
Вашингтон 47 17 30 36.2
Кливленд 48 17 31 35.4
Орландо 48 17 31 35.4
Детроит 48 14 34 29.2

Западна конференција

Јута 47 36 11 76,6
Феникс 47 33 14 70.2
ЛА Клиперс 50 32 18 64.0
ЛА Лејкерс 48 30 18 62.5
Денвер 48 30 18 62,5
Портланд 47 29 18 61,7
Далас 46 25 21 54.3
Сан Антонио 46 24 22 52.2
Голден Стејт 48 23 25 47,9
Мемфис 45 22 23 48,9
Сакраменто 48 22 26 45,8
Њу Орлеанс 47 21 26 44,7
Оклахома Сити 47 20 27 42,6
Хјустон 47 13 34 27,7
Минесота 48 12 36 25.0

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.