Награда за најдобра претстава за студенти од ФДУ на фестивалот „Дионис“ во Ѓаково

Студенти од трета година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Мими Таневска со претставата „Ревизор“ освоија награда за најдобра претстава на фестивалот на театарските академии „Диониз“ во хравтскиот град Ѓаково.

На фестивалот, што го организира Уметничката академија од Осјек, учествуваа и студенти од академии од Загреб, Сплит, Австрија, Германија и Романија.

Фестивалот се организира од 2008 година. Неговите иницијатори сакаат да го афирмираат театарот, а заговараат заиграност, инвентивност, комуникативност и отвореност на театарскиот чин.

Целта на фестивалот е театарот да излезе од затворениот академски простор, поврзување на регионот со други европски региони, како и можност на младите луѓе да се запознаат со работата на другите академии, но и да се презентираат пред јавноста.