Наградата „Никола Младенов“ за новинарката Ирена Мулачка

Новинарката Ирена Мулачка, од неделникот „Фокус“  е годинешната добитничка на првата награда „Никола Младенов“ која Македонскиот институт за медиуми ја доделува за најдобра истражувачка сторија. Наградата се однесува на серијалот за очната лекарка од Градска болница, која при ласерска операција на катаракта, го оштетила видот на 50 пациенти.

Втората награда и’ е доделена на  Менче Точи од интернет порталот  „Нова ТВ“,за прилози кои се однесуваат посветени на загадувањето на Кавадарци од комбинатот Фени, додека третата награда ја доби новинарот Томислав  Кежаровски, за текстови околу пропустите на истражните органи за сообраќајната несреќа во која загина новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов. Наградата за Кежаровски, кој во моментот е во домашен  притвор  поради случајот „Ликвидација“, ја прими неговата сопруга, Марина Кежаровска, посочувајќи дека ова признание за нив има посебна тежина, која барем малку им го  олеснува секојдневието.

На годинешниот оглас за наградата „Никола Младенов“ се пријавиле 91 новинарски труда, а комисијата додели и две пофалници за истакнат новинарски труд, на новинарката Сашка Цветковска од порталот „Нова ТВ“ и на новинарот Петре Димитров, од порталот „Е- Магазин“.

Цветковска е наградена за истражување за имотот на првиот човек на тајната полиција, додека Димитров за серијал посветен на штитеничката во Заводот за заштита и рехабилитација, Розе Мојсовска.

Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од 30.000 денари за првонаградената сторија, 20.000 денари за второнаградената и 10.000 денари за третонаградената сторија.

 Мулачка :  Горда сум што сум дел од екипата на Младенов

Добитничката на наградата за најдобра истражувачка сторија, за Нетпрес истакна дека ова признание за неа има големо значење, а особено е горда бидејќи е дел од екипата на покојниот Никола Младенов.

nagradamim2.jpg copy

„Сторијата ја работев речиси еден месец, откако ги собрав сите потребни информации. Бевме во недоумица дали да ја објавиме, во ова време кога тужбите се редовна појава, но, сепак одлучивме да ја објавиме.  Во првиот дел имав изјава од пет пациенти. По објавувањето на првиот текст, пациентите веќе почнаа самите да се јавуваат. И директорот каде што работи очната лекарка ни поврди дека имаат жалби од пациенти. Темата беше поткрепена со изјави од  директори, лекари. Името на лекарката одлучивме да не го бјавуваме, бидејќи почитуваме пресумпција на невиност. Лекарката на почетокот ја барав, не сакаше да комуницира, но после објавени два текста имавмесредба. И покрај средбата таа не дозволи да се обвјавува ништо како нејзина изјава. Ни се закануваше со тужба. . Очекуваме комисијата која ја формираше министертсвото за здравство, под притисок на јавноста да реагира. Засега знаеме за 50 пациенти. Лекарката се’ уште работи, но се надевам дека здравствените власти ќе си ја завршат работата“, вели Мулачка.

nagradamim1

Од серијалот  во кој Мулачка обелоденува низа недостатоци во здравствениот систем, досега се излезени  шест текста, но, авторката налавуваат продолжување на циклусот.