Наградата „Роман на годината“ ќе му биде врачена на Владимир Јанковски

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, вечер ќе му биде врачена на годинашниот лауреат – Владимир Јанковски.

Годинашната петчлена жири-комисија, во состав Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева, со мнозинство гласови го избра романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020) во конкуренција на 40 пристигнати романи.

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Врачувањето на наградата ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20:30 часот.