Награди за бизнис идеи за млади претприемачи

Центарот за меѓукултурен дијалог во соработка со Европскиот институт од Бугарија ги додели наградите на младите кои конкурираа на темата „Моја бизнис идеја“ во рамки на проектот „Е-регион, можност за развој“.
Oд примените идеи од Македонија, прва награда доби Викторија Крстеска со иновативна идеја за веб-апликација која ќе помогне да се следат попустите и понудите од македонската и бугарската страна на границата. Втора награда на конкурсот доби идејата на Николчо Гошев кој предложи курсеви за онлајн-учење и поддршка за нови бизниси.
– Конкурсот имаше цел да ги развие претприемачките иницијативи за да ги поддржат младите да ја претворат својата бизнис-идеја во реалност. Потрагата по иновативни, ефективни и одржливи бизнис идеи заврши со избор на најдобрите, изјави Милош Ристовски од ЦИД.
Тој појасни дека проектот има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприемништво.
Проектот се спроведува во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија, при што се спроведуваа онлајн-обуки за претприемништво и вештини за вработување.
Од Центарот за меѓукултурен дијалгог информираат дека во иднина ќе продолжат со нови проекти бидејќи, според нив, се уште недоволно е искористен потенцијалот на е-претпримништвото во двата региона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.