Награди за британските домаќинства за исклучување на електричните уреди

На домаќинствата во Велика Британија со паметни броила за потрошената електрична енергија би можело да им биде платено исклучувањето на високенергетските апарати, како на пример машините за перење во текот на ударните часови за да се намали ризикот од прекини на струјата зимава.

Операторот со националниот електроенергетски систем ESO се подготвува да ги објави плановите за наградување на потрошувачите за намалување на притисокот врз електроенергетската мрежа.

Попустите за намалувањето на користењето на уредите како што се сушални за облека, машините за миење садови и играчки конзоли во текот на ударните часови од 17 до 20 часот, кога се електричната енергија најмногу се троши, би можеле да изнесуваат и до шест фунти за заштеден киловатчас.

Весникот The Sunday Times, кој прв извести за плановите, наведува дека мрежата ќе поднесе барање за регулаторно одобрување, со надеж дека шемата ќе биде одобрена до крајот на октомври.

„Развиваме нова услуга којашто ќе им биде достапна на потрошувачите во текот на оваа зима и наскоро ќе објавиме дополнителни информации“, изјавил портпаролот на ESО.

Плановите доаѓаат по пробниот период кои се однесувал на корисниците на операторите „Octopus Energy“ претходно годинава, кога се плаќало само 20 пени за секој заштеден киловатчас. Од тогаш е разгледуван распонот на висината на наградата, вклучително и до шест фунти.