Наградите скрипт фест за најдобри сценарија за Марковски, Христовска и Ќушкоски

На Конкурсот за филмски сценарија, што го распиша Меѓународниот фестивал на филмски сценарија Скрипт фест свои сценарија испратија следниве автори: Тихомир Диковски, Владо Јаневски, Теа Павлова, Леонид Велковски, Игор Поп Трајков, Моника Рујаноска, Христијан Крстевски,  Анастас Ќушкоски, Андриана Ангелова, Оливера Христовска, Иво Митев – Жиле, Лука Јованоски, Андреј Ристиќ, Стефан Марковски, Кирил Максимоски, Изабела Јакимова, Зоран Митровиќ, Ангела Бошкоска и Катерина Николовска.

Годинава селектор на сценаријата беше проф.м-р Гоце Ристовски, универзитетски професор и декан на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје. Тој ги избра авторите на најдобрите сценарија и тоа: Стефан Марковски, Оливера Христовска и Анастас Ќушкоски. Тие ќе ги добијат наградите Скрипт фест 2022.

Фестивалот на филмските сценарија ќе се одржи на 16 мај 2022 година со почеток во 12 часот во Домот на културата Кочо Рацин во Скопје, а признанијата Скрипт фест 2022 ќе ги врачи селекторот Гоце Ристовски.

Свеченоста ќе биде збогатена со трибината на тема Од сценарио до филм, а ќе ја води проф.д-р Христо Петрески.

Годинашни организатори на Фестивалот Скрипт фест се Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија