Наинголан оди во Интер

Белгискиот играч за врска Раџа Наинголан официјално во вторникот е претставен како нов играч на Интер, објави миланскиот клуб на својата интернет страница.

„Раџа Наинголан официјално е нов играч на Интер. Белгиецот потпиша договор на четири години со нераѕурите кој истакува на 30-ти јуни 2022 година“, се наведува во соопштението на Интер.

Од овој трансфер неговиот досегашен клуб Рома ќе добие отштета во висинa од 24 милиони евра, како и двајца играчи Давиде Сантон и Николo Заниоли.

Триесетгодишниот Наинголан беше еден од клучните играчи на „Волчицата“ изминатата сезона во која италијанскиот клуб стаса до полуфиналето од Лигата на шампионите, но клубот сепак одлучи да го продаде и покрај неговата желба да остане.

Во редовите на Рома, каде што дојде од Каљари, Наинголан мина четири години во кои одирга 201 натпревар постигнувајќи 33 голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.