Најавена средба меѓу Путин и Ким

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун може да се сретнат и таквите опции ќе се усогласуваат, потврди за новинарите во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи го пишувањето на службената севернокорејска новинска агенција KCNA за тоа дека постои договор за средба на двајцата челници оваа година.

„Да, навистина, таква средба може да се одржи, (во Пекинг) нејзиниот формат и времето ќе бидат усогласувани преку дипломатски канали“, рекол Песков. На прашањето дали се разгледува варијантата таквата средба да се одржи во кинеската престолнина Пекинг, портпаролот на рускиот претседател изјавил „Не, конкретно (за Пекинг), не се разговара“.

Првиот заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи на Советот на Федерацијата, Вадимир Џабаров, изјави дека двајцата лидери може да се сретнат на маргините на Источниот економски форум кој ќе се одржи во Владивосток, на рускиот Далечен исток, на 11-ти и 12-и септември.

Претходно во петокот агенцијата KCNA објави дека Пјонгјанг и Москва се договориле за одржување самит на највисоко ниво во текот на годинава. Според нејзините информации, за тоа бил постигнат договор во текот на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на севернокорејската престолнина во четвртокот кога се сретна со претседателот Ким Џонг-ун.

Во извештајот на KCNA се наведува дека двете страни се согласиле за „активирање на контактите на високо ниво, размена и соработка во разни сфери, особено за остварување на средбата на највисоко ниво во текот на оваа година, во којашто се одбележува 70-годишнината од воспостатвувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Лавров беше првиот руски функционер кој се сретна со сегашниот севернокорејски челник. Средбата се одржа во резиденцијата за почесни гости „Паехвавовн“ во контекстот на интензивирањето на дијалогот меѓу Сеул и Пјонгјанг и во фонот на најавениот самит на Ким со американскиот претседател Доналд Трамп за 12-ти јуни во Сингапур.