Најавени нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка

паланка

– Како најважни проекти кои ја одбележаа 2016 година ќе ги издвојам: изградба на патот од мотел „Македонија“ до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, изграба на локалните патните правци во Жидилово, од 1.000 метри, патот до ловечка куќа во село Кркња, кај  езерце Калин Камен, два километра, како и проектот за водоснабдување висока зона-лев брег со које  решен трајно проблемот за водоснабдување во високите реони од градот, а овој систем опфаќа водоснабдување во Конопница и Мезовски ливади, истакна Алексовски.

Направена е, како што рече, и т.н. Пазарска патека, рекреативна и пешачка патека за намалена фреквенција  пешаци на главната улица, а асфалтирани се  и бројни улици и помали улички во општината.-Асфалтирани е пристапен пат во „Дивјанска маала“, „Наско Тамбурков“, дел од ул.„Осоговска“, ул. „Илинденска“, кругот кај здравствен дом, 5 крака ан ул. „Гоце Делчев“, улица во „Амбар маало“ и други градски улички, изграден е втор дел од фекална канализација во село Мождивњак од 5,5 киломери, каде досега сме изградиле вкупно 12 километри канализација, а изградено е повеќенаменско игралиште во село Конопница, второ во општината, нагласи Алексовски.

Тој најави повеќе проекти кои ќе се реализираат годинава, меѓу кои: асфалтирање на улица „Ацо Шопов“, дорегулација на Белевски дол и други. Со програмата за годинава ,истакна, ќе се асфалтираат бројни локални патишта, а според него, најголеми проекти се капиталните за изградба на експресен пат од Раковце до Крива Паланка и реконструкција на постојниот до граничен премин Деве Баир, како и изградба на пат од рудник за олово и цинк „Тораница“ до Македонска Каменица.

Со дорегулација на Белевски дол ќе се решат проблеми кои граѓаните од овој дел ги имаа при дотекување на истиот, ќе се асфалтира патот од А2 до  дом во село Конопница, како и од Деловодци до Црква во селото, уште еден километар пат ќе се доасфалтира до езерцето во Калин Камен, што ќе придонесе за развој на Калин Камен како туристички центар, а ќе се реконструираат и модернизираат двете сали за седници и состаноци, додаде Алексовски.