Најавени нови протести во Федерацијата БиХ

Пленумот на граѓани на Сараево за денеска најави масовни протести на пладне пред зградата на претседателството на БиХ, а полицијата апелира на ред и воздржување од насилство, јавуваат медиумите во БиХ.

Протестите на граѓаните на БиХ кои се незадоволни од животниот стандард, работата и однесувањето на политичките елити влегоа во третата недела и тие секојдневно се одржуваат во повеќе градови на Федерацијата на БиХ и Сараево.

Полицијата на Кантон Сараево вели дека располага со созананија дека во одредени делови во градот се организираат групи млади луѓе кои планираат собирањето на граѓаните да го искористат во насилни протести, насочени кон објектите на институциите и на полицијата.

Апелираат на воздржување од насилство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.