Најавени серија на протести во Грција

Синдикатот на грчките енергетичари соопштило дека од денеска во Националната електро компанија почнуваат серија штрајкови и во нив ќе учествуваат вработените во сите делови на компанијата. Електродистрибутивната компанија предупредила, исто така, дека планира запирање на струјата.

Протестите почнуваат во момент кога се очекува во грчкиот Парламент да почнат расправите за предлог законот, што на Владата и дозволува во текот на 2015 година да ја приватизира енергетската компанија.

Владата во Атина предупредила дека ќе прогласи општа мобилизација доколку вработените во Националната електро компанија (ДЕИ) ја запрат работата и ја намалат енергетската моќност во земјата во екот на летната туристичка сезона во знак на протест против плановите на владеачката коалиција за приватизација на компанијата, соопштуваат грчките електронски медиуми.