Најавени уште три сезони на „Саут Парк“

Најавени уште три сезони на „Саут Парк“

Продуцентската компанија „Комеди Сентрал“ потврди дека е потпишан договор за уште три сезони на популарната анимирана серија „Саут Парк“ .

Секоја сезона ќе има по десет епизоди, а Мет Стоун и Треј Паркер и натаму ќе работат на секоја епизода. Со веќе постоечките 18 сезони, „Саут Парк“ е најдолговечната серија, а со новиот договор фановите можат да бидат сигурни дека нивната омилена анимирана серија ќе ја гледаат до 2019 година.

Одговорот на прашањето зошто новите сезони се покуси од порано, можеме да пронајдеме во документарниот филм „6 Days To Air: The Making of South Park“ од 2011 година, но и фактот дека Стоун и Паркер паралелно работат и на видео игри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.