Најавено ново задолжување за 600 милиони евра

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека Владата успешно управува со јавниот долг и оти очекува тој следната година да се заврши под проектираното ниво од 54,2 проценти или не повеќе од 600 милиони евра нов долг.

 Работиме на стабилизирање на јавниот долг. Тоа го правиме со намалување на буџетскиот дефицит, кој и сега е намален. На крајот на 2018 година имавме проекција дека ќе биде 50 проценти јавниот долг од БДП, но во суштина тој е 48,2 проценти. Нашата проекција за следната година е 54,2 проценти, но наша проценка е дека тој ќе биде понизок, рече Тевдовски на денешната прес-конфернеција во Владата на која заедно со премиерот Зоран Заев го презентираа Предлог-буџетот за 2019 година.

Според него, 54,2 проценти е максималната проекција и дека таа ќе зависи од реализацијата на капиталните проекти, а кај кои се очекува позабрзана реализација.