Продукциската куќа „Сони Пикчрс“ го најави вториот дел од приказната за анти-херојот на Марвел, Веном, со речиси истиот тим.

Главната улога повторно ќе ја толкува Том Харди, а се очекува нему да му се придружи и Мишел Вилијамс.

Познато е и дека сценаристката Кели Расел ќе го работи и сценариото и ќе го продуцира вториот дел.

Датумот на премиерата се’ уште не е утврден.

„Веном“, чија премиера беше лани, досега во светот заработи 885 милиони долари.