Најбизарни сексуални фетиши

Фетиш е сексуална возбуда како одговор на некој предмет или дел од телото, кој обично не е сексуален, како што се чевли, нозе или чорапи. Можеби ви се допаѓа изгледот на вашата партнерка во високи потпетици за време на сексот, но тоа не мора да значи дека имате фетиш на чевли.

Иако некои фетиши ви делуваат прифатливи, низ светов постојат одредени отстапувања кои дури ја надминуваат способноста на просечната човечка фантазија.

За некои видови пореметувања во сексот, како педофилија или зоофилија, мора да сте слушнале. Но, познати се многу повеќе сексуални нарушувања кај луѓето, кои веројатно никогаш не ви паднале на ум дека се можни.

Во продолжение следуваат неколку најчудни сексуални фетиши…

Акротомофилија и апотемнофилија

Некои луѓе сексуално ги возбудуваат луѓето со ампутирани екстремитети (акротомофилија). Можеби ова не е вообичаен фетиш, но не е толку грозен, всушност не е ни приближно чуден како што е апотемнофилијата.

Имено, постојат луѓе кои се возбудуваат од помислата за ампутација на сопствените екстремитети. Некои одат толку далеку што жртвуваат рака или нога поради сексуална возбуда. Тие се апсолутно свесни за сe’ за време на процесот на ампутација, бидејќи нивното сеќавање на тој чин може да ги возбуди и години подоцна.

Актирастија

Сексуално возбудување предизвикано од сончеви зраци или сончање.

Агалматофилија

Агалматофилија е форма на фетиш со сексуална привлечност кон кипови, статуи или кукли.

Анастемафилија

Возбуда на луѓе со невообичаена висина, гиганти или џуџиња.

Аутогинофилија

Односно, љубов спрема себе како жена. Овој фетиш важи за мажи кои се возбудуваат од мислата или ја гледаат сликата од себеси како жена.

Климакофилија

Сексуална возбуда која се добива при пад од скали.

Копрофилија

Сексуално нарушување проследено со возбуда од измет.

Небулофилија

Нарушување кое се јавува кај луѓе кои сексуално се возбудуваат на магла.

Урофилија

Нарушување кое се јавува кај луѓе кои ги возбудува сопствено или уринирање врз другите.

Таратофилија

Сексуална привлечност кон ментално болни или луѓе со физичка нагрденост.

Литофилија

Од ова растројство, страдаат луѓе што сексуално се возбудуваат на камен или чакал.

Мелисофилија

Сексуална возбуда предизвикана од пчели и оси.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.