Најбизарните секс традиции ширум светот

Сексуалната традиција може да биде шокантно откритие за светот. Историски гледано, одредени народи и култури навистина изненадуваат со своите чудни погледи кон сексот, особено некои примитивни племиња и нивната бизарна сексуална традиција.

Модерна култура во Иран: Може да склопите привремен брак доколку платите за него

Познато е дека муслиманите се едни од најригорозните народи кога станува збор за сексуални активности и односите маж-жена. Како на пример, на муслиманските парови им е дозволено да имаат секс единствено во мисионерска поза, бидејќи се смета за навредливо за жената ако мажот побара од неа друга поза.

Како и да е, во одредени муслимански држави, како Иран, ако млад пар сака да има секс пред бракот, тие мора да поднесат барање за „привремен брак“. Дозволено им е да платат за кратка церемонија, со писмен договор во кој е одредено времетраењето на бракот.

Антички Грци: Постар маж со млади момчиња

Најчестата форма на еднополовата врска меѓу мажите била „paiderastia“, што во превод значи „љубов со момче“. Тоа било врска меѓу постар маж и малолетно момче. Машкото се сметало за „момче“ се додека не му порасне брадата целосно. Во Атина, постариот маж го нарекувале љубовник (erastes) и служел како пример за младите момци. Тој бил задолжен за едукација, заштита и љубов кон „учениците“, а за возврат добивал задоволство, младост и секс од нив. Да љубите момче помладо од 12 години се сметало за несоодветно, иако не постојат докази дека тоа не се практикувало.

Древните египетски фараони: Фараони кои практикувале јавна мастурбација

Дури и текот на Нил се сметало дека бил под влијание од ејакулацијата на Богот на креацијата, Атум. Водејќи се по овој концепт, египетските фараони ритуално мастурбирале во реката Нил за да бидат сигурни дека ќе има вода. Древните Египќани биле толку многу инспирирани од овој акт на самозадоволување, што на фестивалот за богот Мин, кој е во чест на потенцијата на фараонот, мажите мастурбирале јавно.

Водабе: Племето каде што мажите си ги крадат жените меѓусебе

Во племето Водабе од Нигерија, во Источна Африка, мажите се познати по тоа што си ги крадат жените. Првиот брак им е договорен од страна на нивните родители и уште од мали нозе знаат дека ќе биде во интимна врска со нивна братучетка. Како и да е, за време на фестивалот „Геревол“ мажите носат ритуална шминка и костуми и танцуваат за да ги импресионираат жените – со надеж да украдат нова жена. Доколку новиот пар се искраде незабележано (особено од веќе постоечкиот сопруг кој нема намера да се разделува од жена му), тогаш тие се прифатени од заедницата. Овој тип на последователни бракови се нарекуваат љубовни бракови.

Непалците: Заедница каде што браќата делат една жена – на Хималаите

Според студија на Psyhology Today (Психологијата денес): Речиси сите од неколкуте полиандрични општества ја практикуваат, како што би рекле антрополозите, братската полиандрија, каде што браќата делат иста жена.

Токму ова е случај на Хималаите, каде што површината за сточарство и земјоделие е премала – семејствата со повеќе од еден син се приморани да го делат имотот, за да може секој син да основа свое семејство. Решение? Најди една жена која ќе биде за сите синови и на тој начин целото семејство ќе си остане заедно.

Тробриандерс: Племето во кое децата започнуваат со секс на возраст од шест години

По се изгледа жителите на ова островско племе во Папуа ги достигнале крајностите во сексуалната револуција, па децата започнуваат со сексуални активности на многу мала возраст – 6 до 8 години за девојчињата и 10 до 12 за момчињата – без никаква општествена стигма.

Постојат неколку обичаи околу состанувањето со цел да се спречи „поврзување“ и секако, вклучуваат голотија, а девојчињата дури одат топлес. Сепак, иако сите имаат секс кога и да посакаат, делењето оброк пред брак не е дозволено. Не е препорачливо да излезете на вечера пред да стапите во брак.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.