Најбогатите бизнисмени од регионот, кој ја предводи овогодинешната листа на Форбс?

Ивица Тодориќ (735 милиони евра), Миодраг Костиќ (250 милиони евра) и Санди Чешко (460 милиони евра) ја предводат овогодинешната листа на Форбс на набогати бизнисмени во регионот. Првото место го држи сопственикот на Агрокор и е неприкосновено со години, а од Хрватска високо се наоѓа и Емил Тедеши (290 милиони евра).

Во Србија, Костиќ го симна од тронот Мирослав Мишковиќ, сопственикот на Делта Холдинг, чии приходи се намалуваат откако судството ја испитува легалноста на неговото работење. Од десетмината со најголеми приходи, уште двајца завршиле во притвор: Срѓан Кнежевиќ и Петар Матијевиќ. Првиот сопственик на „Кнез Петрол“, која е најголема компанија после „НИС“ во нафтениот сектор во регионот. Матијевиќ е нов член на клубот „Топ 10“ во Србија, пред 20 години е сопственик на месара, а сега еден од најголемите земјопоседници.

Состојбата во словенскиот реален сектор во голем дел е подобрена, а на листата на најбогати прв и понатаму останува Санди Чешко, сопственикот на најголемата продажна мрежа за ТВ во регионот. Втори на листата се сопружниците Албин и Татјана Добершек (274 милиони евра), основачите на „Engeneering Doberseк“, успешен заради иновациите и низа патенти, а трет е Јоц Печенчик (188 милиони евра), сопственик на „Elektoncek Group“. Во БиХ меѓу водечките повотрно е „Агрокор“, а клучот за неговиот успех се како што вели потпретседателката Љерка Пуљиќ, директните инвестиции.

„Конзум“ по природа е четврти. Сопственикот на трговскиот ланец „Бинго“, Сенад Џамбовиќ се појави на десетото место на листата  на најголеми компании, со приход од 448,5 милиони конвертабилни марки.

Ново лице на листата е Тихомир Брајковиќ, градежник од Кисељак, сопственик на компанијата „Тибре Пацифик“, а Томислав Антуновиќ со компанијата „АГС“ од Орешје 14-ти меѓу најголемите во БиХ.

Кралот на челикот, Минчо Јорданов цврсто се држи на првото место на листата на најбогати македонски сопственици по капитализацијата на акциите на компанијата која ја поседува. Опасно му се приближил Андреј Јосиовски, сопственик на енергетската компанија „Макпетрол“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.