Петстотините најбогати луѓе на светот соред податоците од тргувањата во средата загубиле 35 милијарди американски долари поради политичката несигурност во САД, покажуваат податоците на индексот Bloomberg Billionaires Index (BBI)
Весникот The New York Times во вторникот тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп барал од неодамна сменетиот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, да го запре истражувањето за нековиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин за неговите контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак во периодот кога претседателот сé уште официјално не ја преземал должноста, како и за наводните деловни врски со компании од Русија и од Турција. Белата куќа, експресно ги негираше ваквите тврдења.
Ден претходно весникот The Washington Post, пак, повикувајќи се на неименувани извори од поранешната и сегашната администрација објави дека американскиот претседател на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му дал доверливи информации со што можел да биде компромитиран „стратешки важниот извор на разузнавачката информација“ во врска со џихадистичката организација Исламска држава.
Според политичкиот коментатор на телевизијата CNBC, истекувањето на ваквите информации било овозможено од американските разузнавачките агенции како одмазда за низата критики од страна на Трамп за нивните активности.
Белата куќа ги демантираше и овие наводи,додека самиот Трамп тврди дека имал целосно право да ги сподели со Москва одредените информации, кои според медиумите се однесувале на подготвуван терористички напад врз патнички авиони. Белата куќа појасни дека на средбата биле разгледувани заедничките закани, но изворите или методите со кои до нив дошле разузнавачите не биле дискутирнаи, како и воени операции кои не биле познати за јавноста, не биле обелоденети.
Меѓутоа, сепак, овие написи предизвикаа потреси на американската политичка сцена, што се одрази и на пазарите на акции, кои досега бележеа раст поради очекувањата Трамп да ги оствари верувањата за даночните реформи и зголемената државна потрошувачка. Сега, пак, постојат стравувања дека политичките непријатности може да го оттргнат американскиот претседател од зафатите во економијата.
Најбогатиот човек на светот, еден од основачите на технолошката корпорација „Microsoft“, Бил Гејтс, чиешто богатство се проценува на 86,8 милијарди долари, загубил 1,01, милијарда долари, бидејќи акцијата на „Microsoft“ загуби 2,8 отсто од вредноста. Тоа е најголемиот пад на акцијата на компанијата годинава, забележува агенцијата Bloomberg.
Основачот на онлајн продавницата Amazon.com, Џеф Безос, со богатство од 81,9 милијарди долари, „осиромашил“ за 1,71 милијарда долари поради падот на акцијата на Amazon за 2,2 осто.
Основачот на шпанскиот бренд за облека „Zara“, Амансио Оортега загубил 335 милиони долари, и во четвтртокот неговото богаство се проценува на 83,2 милијади долари.
Во петорката најбогати луѓе во светот, влегуваат, исто така, и основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг, и челникот на компанијата „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет. Статусот на Цукерберг се намалил за 2,03 милијарди долари, на 62,3 милијарди долари. Бафет, пак, загубил 852 милиони долари, па неговото вкупно богатство се проценува на 72,7 милијарди долари.
Вкупното богатство на милијардерите достигнало 4,9 трилиони долари, што е за 457 милијарди долари помалку, отколку минатата година во истиот период.
Индексот BBI се пресметува на дневно ниво на основа на цените на акциите и податоците од извештаите на компаниите, во коишто милијардерите имаат удели.