Најдебели премии за репрезентативците на Шпанија

Фудбалските федерации на најмоќните репрезентации веќе ги дефинираа премиите кои ќе бидат поделени доколку фудбалерите на ја исполнат зацртаната цел и се закитата со титулата Светски шампион.

Секој репрезентативц на актуелниот светски и европски шампион, Шпанија, ќе заработи по рекорни 720 илјади евра доколку ја одбрани светската титула на Мундијалот во Бразил.

Репрезентативците на Бразил, кои се домаќини и играат пред најверните фанови ќе заработат по 300 илјади евра, а таква премија им е ветена и на репрезентативците на Италија и на Германија.

Најмала премија, од 240 илјади евра за секор репрезентативец, обезбеди Фудбалската федерација на Франција, а по 430 илјади евра ќе заработи секој репрезентативец на Англија.

На Лионел Меси и на останатите репрезентативци на Аргентина им е ветена премија од по 510 илјади евра, а 30 илјади евра повеќе ќе заработат репрезентативците на Уругвај доколку на крајот тие се искачат на највисокото место на победничкиот пиедестал.