Најден возачот кој прегази пешак во Ново Лисиче

290

Полицијата го пронајде возачот кој утрово прегази пешак во скопската населба Ново Лисиче, по што избега.

Како што дознава КУРИР, станува збор за 17-годишниот О.Љ. кој автомобилот БМВ го управувал без возачка дозвола.

Најновите информации говорат дека повредениот пешак Ј.Т. (67) кој живее во Ново Лисиче од ударот се здобил со тешки повреди фрактура на десната клучна коска и е задржан на лекување во болница.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.