Сликата поценета на 1,5 милиони евра, којашто минатиот четврток во париско такси ја заборавил трговец со уметнички дела, ја вратил таксистот, соопштија полициски извори.
Трговецот со уметнички дела чиешто име не е објавено, го заборавил платното на пат кон „колекционер од третиот париски арондисман“, појаснил за AFP неименуван полициски извор. Повикал такси, го ставил делото во багажникот а потоа го заборавил.
Дури во саботата пријавил „кражба“, откако претходно безуспешно се обидувал да влезе во трага на такси возилото. „Таксито е пронајдено, возачот ја врати сликата на полицијата“, додал изворот.
Станува збор за дело на Лучо Фонтана (1899 – 1968), италијански сликар и скулптор, коешто припаѓана колекцијата „Кончето специале“.Платното е едно од еднобојните слики коишто уметникот ги расекол, делата наречени „слики со исеченици“ коишто можат да достигнат цени од неколку милиони евра.
Оваа накусо изгубена слика се проценува на 1,5 милиони евра, според полицискиот извор.