Најдени двете „црни кутии“ на етиопскиот „Boeing 737 MAX 8“

Пронајдени се двете ткн „црни кутии“ од патничкиот авион од типот „Boeing 737 MAX 8“ кој се урна кусо по полетувањето од Адис Абеба во неделата утрото, објави етиопската воздухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ во понеделникот, ден по несреќата во којашто загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Уредите за записи кои ги бележат техничките податоци за летот, сместена во „опашот“ на леталото и кој ги снима раговорите во пилотската кабина се пронајдени објави компанијата „Ethiopian Airlines“ на својот Twitter, пренесува агенцијата AFP.

Авионот на летот ЕТ302 меѓу Адис Абеба и кениската престолнина Најроби се урна во 8,44 часот по локално време, шест минути по полетувањето, во областа на градот Бишолта, 62 километри југоисточно од главниот град. По полетувањето од аеродромот „Боле Интернешнел“ јавил до контролата на летањето дека има проблеми и барал дозвола за враќање на аеродромот.

Патниците биле државјани на повеќе од 35 земји, а меѓу нив имало лекари и хуманитарни работници. Официјален Белград соопшти дека патниците бил и српски државјанина, а според нив станува збор за работник на Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации кој освен српски имал пасош и на ОН.

Во понеделникот „Ethiopian Airlines“ на неодредено ги приземји авионите од овој тип. Компанијата поседува четири летала од типот „Boeing 737 MAX 8“, без овој кој се урна во неделата, според интернет страница за следење на летовите FlightRadar24.
По несреќата во Етиопија, и Кина во понеделникот им наложи на своите воздухопловни компании до 18 часот да ги суспендираат сите летови на авионите од ово тип. Индонезија, исто така, во понеделникот одлучи да ги суспендера сите летови на вионот од типот „ Boeing 737 MAX 8“.
Станува збор за втора несреќа за помалку од половина година на овој модел авиони. Во октомври минатата година се урна „Boeing 737 MAX 8“ на индонезиската компанија „Lion Air“.