
По десет дена откако ја доби златната плакета за најдобар рудар, кратовчанецот И.К. вчеравечер заврши во скопската Клиничка болница.
Скршеницата на левата потколеница, е причината зошто рударот, од една од јамите на пробиштипскиот рудник за олово и цинк Индо Минерали и метали, заврши на ортопедија, објави Канал 5.
Несреќата се случила доцна синоќа, а 38-годишниот рудар е од Кратово.
Прво бил пренесен во штипската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во скопскиот Ургентен центар.
Претставници на Републичкиот рударски инспекторат за утре најавија детална истрага. Денеска јамата каде се случи несреќата е затворена.