Најдобриот суперкомпјутер и оваа година е на територијата на Кина

Тиане-2 повторно изби на врвот на листата на суперкомјутери. Кина го поседува најмоќниот суперкомпјутер по трет пат по ред во глобалните топ 500.

Според двегодишното рангирање на глобалната листа на суперкомпјутери која го следи развојот и растот на суперкомпјутерите, Кина има 20 отсто повеќе суперкопмјутери отколку минатото рангирање пред две години во овие топ 500, додека САД имаат пад од 15 отсто. Сепак САД сеуште доминираат на картата. Кина во моментов има 76 суперкомјутери, што е скоро колку Велика Британија (30), Франција (27) и Германија (23) заедно.

Листата топ 500 е широко препознаен барометар за состојбата со сусперкомпјутерите на глобално ниво и се објавува двапати годишно од 1993 година.

Компјутерите се мерат според истите критериуми, како што се моќта , брзината мерена во петафлопи (квадрилиони калкулации во секунда). Првиот компјутер кој ги започна мерењата во петафлопи беше „Роудранер“ на ИБМ, кој беше изгаснат 2013 година заради прекумерно трошење на енергија.

Вкупната листа од топ 500 суперкомјутери искомбинирани заедно нуди 133,7 петафлопи.

Тиане-2 е во сопственост на кинеската влада и оперирана од Националниот универзитет за одбранбена технoлогија. Се користи како „истражувачка и едукативна“ алатка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.